Џенифер Лопез ја стартуваше својата европска турнеја којашто ќе вклучува настапи во повеќе метрополи на стариот континент.
Пред самиот старт, ѕвездата, 55, направи жешка фотосесија во Шпанија порачувајќи им на фановите дека ќе се видат наскоро.
На објавата на Инстаграм Џеј Ло изгледа фантастично во црно-бело бикини и бела кошула врзана над половината.
Летниот стајлинг таа го дополни со очила за сонце и суптилен накит.
Пред една година Џенифер ја откажа својата турнеја This Is Me Live од лични причини, со цел да се посвети на семејството.
Но, во неодамнешно интервју Лопез изјави дека тешкиот период поминал и сега ја има потребната енергија и сила да продолжи со нејзините настапи.
Фото: Instagram