Ѕирнете во новиот луксузен стан на Џорџина Родригез во Мадрид

Моделот и инфлуенсерка Георгина Родригез, позната како партнерка на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, го покажа својот нов луксузен стан во центарот на Мадрид.

Иако веќе неколку години живее во Саудиска Арабија поради кариерата на Роналдо, Георгина оствари стара желба, купи елегантен дом во срцето на шпанската престолнина. Првите кадри од ентериерот ги сподели на својот Instagram профил, со пораката дека тоа што некогаш било само сон, сега е „дом, проект и реалност“.

Станот е уреден во минималистички, скоро галериски стил, со неутрални тонови и природни материјали. Големите стаклени ѕидови и дрвените детали создаваат чувство на простор и светлина, а отворената дневна соба дава дополнителна атмосфера на удобност.

Меѓу впечатливите детали се модни книги на трпезариската маса, сопствена сауна, внатрешен базен со шарени лежалки и висечка светилка од алабастер која дава меко осветлување на просторот. Дневниот престој е сместен околу голем беж кауч во L‑облик, идеален за семејни моменти, кои Георгина го истакнува како посебен дел од домот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bellhatria Real Estate (@bellhatria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bellhatria Real Estate (@bellhatria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bellhatria Real Estate (@bellhatria)