Холивудскиот крем се собра уште еднаш во совршено блескаво издание.
Овогодинешните Златни Глобуси, 82-ри по ред, коишто се одржаа во хотелот Беверли Хилс во Холивуд им оддадоа признанијата на најголемите достигнувања во телевизијата и филмот.
Годинава манифестацијата ја водеше актерката Ники Глејзер, но пред да бидат доделени престижните награди, црвениот тепих беше местото на случувањата.
Голем број актерки го донесоа гламурот на стариот Холивуд со своите извонредни креации надополнети со елегантни додатоци како оперски ракавици.
Анџелина Џоли, Кејт Винслет, Деми Мур, Никол Кидман, Зендаја, Салма Хаек, Аријана Гранде, Памела Андерсон, Кејт Бланшет беа само дел од дамите кои заблескаа пред објективите.
Годинава изборот падна на светкави решенија во златни, бронзени и сребрени нијанси. Акцентот беше ставен на безвременските кроеви, чистите линии, квалитетните материјалија и секако женската силуета.
Златните глобуси важат за манифестација која посведочила на највпечатливите модни решенија низ историјата.
Годинава исто така беше опсипана со сјај и гламур, а еве како изгледаа ѕвездите на блескавата филмска вечер.
Фото: Getty