
Мајката на принцот Алберт од Монако морала да следи поинаков протокол од оној што подоцна ѝ бил дозволен на неговата сопруга, принцезата Шарлин.
Принцезата Грејс од Монако морала да следи поинаков дрес-код кога се среќавала со Папата, за разлика од нејзината снаа, принцезата Шарлин.
Само пред неколку дена, принцезата Шарлин (47) го искористи „привилегиумот на белото“ (le privilège du blanc) кога го пречека папата Лав XIV во Монако, заедно со својот сопруг принцот Албер и нивните близначиња, принцот Жак и принцезата Габриела (11).
Нејзиниот целосно бел стајлинг, дополнет со чипкана мантилја, го одразува овој редок папски привилегиум, кој им дозволува на одредени католички кралици и принцези да носат бело при средба со Папата.
Децении претходно, мајката на принцот Алберт, принцезата Грејс (позната како американската актерка Грејс Кели пред бракот со принцот Рение), морала да следи поинаков протокол кога се среќавала со папите.
При средбата со папата Пиј XII во Ватикан во 1957 година, таа носела едноставен црн фустан од чипка и превез. Заедно со принцот Рение, тие се помолиле пред неколку олтари, вклучувајќи го и главниот олтар над гробот на Свети Петар.
Иако принцезата Грејс била длабоко верна католичка, таа секогаш носела црно при вакви средби.
Причината за тоа лежи во фактот што династијата Грималди владее со Монако како кнежевство, а не како кралство. Според строгите правила на Ватикан, таа немала право на „привилегиумот на белото“. Принцезата Грејс почина во 1982 година, а правилата се промениле подоцна, кога Шарлин станала принцеза.
Шарлин, поранешна олимписка пливачка од Јужна Африка, станала принцеза на Монако со бракот со принцот Албер во јули 2011 година. Таа првпат носела бело при средба со Папата во 2013 година, за време на аудиенција со папата Бенедикт XVI.
Оттогаш, таа најчесто го носи овој бел дрес-код, иако во јули 2022 година направила исклучок и се појавила во црно при средба со папата Бенедикт.
Привилегиумот на белото е редок и им припаѓа на мал број католички кралици и принцези, меѓу кои се кралицата Летиција од Шпанија, кралицата Матилда од Белгија, големата војвотка Стефанија од Луксембург, принцезата Марина од Неапол, како и поранешните кралици Софија од Шпанија и Паола од Белгија.
За време на посетата на папата Лав XIV на Монако, се случи впечатлив момент кога тој потпиша книга пред портрет на принцезата Грејс, на кој таа е прикажана во бел фустан, што некои го протолкувале како симболично „нејзино“ право на белото.
Интересно е што и ќерката на Шарлин, принцезата Габриела, носеше бело за време на посетата, иако поради нејзината возраст (11 години), најверојатно не станува збор за официјален привилегиум, туку за пофлексибилен пристап кон правилата за деца.
Белата комбинација на принцезата Шарлин беше истакната и на официјалниот Инстаграм профил на Кнежевската палата на Монако.
View this post on Instagram
„Привилегиумот на белото,“ стои во описот. „За време на посетата на Светиот Отец на Монако, Нјзиното Височество принцезата Шарлин се појави во бело. Овој избор го следи специфичниот ватикански протокол и претставува редок знак на почит за Кнежевството – одраз на посебната врска меѓу Монако и Светата столица.“
Н.Т