Современото уредување на домот сè почесто оди во насока на отворен концепт, каде дневната соба, кујната и трпезаријата се поврзани во една заедничка просторија без ѕидови.
Овој стил изгледа модерно и просторно, но има и свои предности и недостатоци.
Во однос на предностите забележуваме
Поголем простор и чувство на отвореност
Отстранувањето на ѕидовите создава чувство дека домот е поголем и поосветлен, дури и кога реално нема многу квадратура.
Повеќе природна светлина
Бидејќи нема прегради, светлината слободно се шири низ целиот простор, што го прави домот поубав и поенергичен.
Подобра комуникација
Членовите на семејството можат да разговараат и да поминуваат време заедно, дури и кога прават различни активности (готвење, гледање ТВ, јадење).
Модерен и елегантен изглед
Отворениот концепт е многу популарен во современата архитектура и дава стилски, минималистички впечаток.
Флексибилност во уредување
Мебелот може да се организира на повеќе начини, без ограничување од ѕидови.
Кои се надостатоците?
Мириси и бучава од кујната
Мирисите од готвење лесно се шират низ целиот простор, а бучавата од апарати може да биде вознемирувачка.
Помалку приватност
Нема физички разделени зони, па понекогаш е потешко да се има мир или приватност.
Повеќе видлив неред
Сè е „на отворено“, па ако кујната е неуредна, тоа веднаш се забележува и во дневната.
Потешко одржување на ред
Потребна е постојана организација бидејќи просторот секогаш е видлив и поврзан.
Греење и ладење
Големиот отворен простор може да бара повеќе енергија за загревање или ладење.