ELENA LUKA HOME, градежната компанија со докажано реноме и квалитет, во наредниот период ќе има промо кампања за своите актуелни проекти во повеќе градови низ Македонија.
Кампањата ќе започне во среда, 14-ти август во Битола на Широк Сокак, а ќе продолжи во четврток, 15-ти август во Прилеп на плоштадот “Александрија”, и во петок, 16-ти август во Куманово на плоштадот “Нова Југославија”. Промо кампањата ќе се одвива во периодот од 18 до 22 часот.
Посетителите ќе може да се информираат за станбено-деловниот објект FUTURA 2 на ELENA LUKA HOME, кој се наоѓа во Општина Кисела Вода, како и за станбено-деловниот објект MELODY, лоциран во населбата Железара.
Високо-квалитетните материјали што се имплементираат, функционалноста на станбените единици, ексклузивноста на деловните простори, се само мал дел од карактеристиките по што е препознатлива работата на ELENA LUKA HOME, а заинтересираните минувачи ќе може и подетално да се информираат за сите типови на станови и квадратури и за можностите за нивниот бизнис.
Промо кампањата ќе продолжи и во други градови, за кои своевремено ќе информираме.