Ултрамодерен стан од 57м2 во FUTURA2

Доколку сте во потрага по нов и современ дом, за денес ви издвојуваме модерна единица од 57м2 во станбено-деловниот објект FUTURA2 на реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME.

Станот од 57м2 со модерен и стилски дизајн е создаден да одговори на динамичниот начин на живот на современиот човек и на сите негови желби и потреби.

Во овој ултрамодерен стан доминираат земјени тонови со примеси на сината боја кои совршено се искомбинирани и го прават овој ентериер автентичен и прекрасен.

Кујната е издизајнирана со сјаен и прошаран мермер кој идеално го надополнува дневниот простор и трпезаријата.

Оваа станбена единица, како и сите искреирани од градежната компанија ELENA LUKA HOME нудат премиум домување, функционален простор за живеење, користени се високо квалитетни материјали и имаат голема количина природна светлина.

За повеќе информации посетете ги ELENA LUKA HOME на фејсбук и инстаграм.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.