Среќен 43 роденден Ен Хатавеј

Ен Џеклин Хатавеј е родена на денешен ден 1982 година во Бруклин, Њујорк. Ја запознавме преку филмот The Princess Diaries, а нејзиниот гламур и префинетост ја направија вистинска икона на стилот. Подоцна се истакна со улоги во The Devil Wears Prada и Les Misérables, за кој освои и Оскар за најдобра споредна актерка.

Хатавеј со текот на годините создаде впечатлив моден идентитет – комбинација од класична женственост и современ минимализам. На црвениот тепих често избира елегантни силуети, чисти линии и смели бои, но секогаш со доза на софистицираност.

Нејзината соработка со Valentino, како и модните кампањи за Lancôme, ја потврдуваат нејзината позиција како инспирација во модниот свет. Во последниве години нејзиниот стил често се опишува како „тивок луксуз“ – едноставен, но беспрекорно уреден.

Ен Хатавеј е пример дека елеганцијата не мора да значи класика без ризик. Таа комбинира едноставни форми со силен акцент – било преку боја, крој или детаљ. За љубителите на мода, нејзиниот стил нуди идеален баланс помеѓу достапна елеганција и холивудски сјај.

Таа е во брак со Адам Шулман од 2012 и заедно имаат два сина.

Денес одвојуваме неколку одлични изданија на Ен.

Фото: Pinterest, Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian