Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси не остануваат незабележани.
Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia, каде што заедно со другите модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации, меѓу кои и на Кајмаканските Острови.
Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ, па несомнено е дека го ангажираат за добри брендови и кампањи.
“Светски, професионален и со неговата егзотична убавина, Андреј има што да покаже во интернационалниот моделинг. Ние сме секако горди и благодарни на неговите успеси кои ќе бидат запаметени во поновата модна историја.” – велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент.