
Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон претходно во интервју за Allure истакна дека „сака што нејзиното лице се менува и старее“, но на Instagram сега објави серија гламурозни фотографии на кои, иако има 50 години, изгледа извонредно свежо и младолико.
Daily Mail разговараше со пластичниот хирург од Беверли Хилс, д-р Кан, за да открие како Шарлиз Терон успева да одржи толку младолик изглед и покрај тоа што веќе го има полувековиот јубилеј.
Пластичниот хирург истакна дека на најновите фотографии Терон речиси и да нема брчки, што го смета за прилично невообичаено за жена во педесеттите години. Тој објасни дека повеќето луѓе во таа возраст имаат барем фини линии околу очите и устата, како и по некоја старечка пега, додека кај неа кожата е исклучително мазна и изедначена – нешто што дополнително ги поттикнува шпекулациите за естетски зафати.
„Најверојатно правела HALO, хибриден фракциски ласер. Тоа е подмладувачка терапија што користи две бранови должини – аблативна и неаблативна. Со третманот се обновува површинскиот слој на кожата и се загреваат подлабоките ткива, со што се поттикнува создавање на колаген и се подобрува текстурата. Резултатот се помалку фини линии и помали оштетувања од сонце“, објасни тој, додавајќи дека опоравувањето е многу побрзо отколку по класичните ласерски третмани.
Таа ги демантира естетските зафати
Хирургот исто така смета дека актерката веројатно користи пептидни серуми, кои моментално се исклучително популарни бидејќи ја поттикнуваат кожата да создава повеќе колаген и еластин, што ги намалува брчките и дава цврстина. Како уште понов тренд во анти-ејџ негата го наведува користењето егзосоми кои помагаат во обновата на ткивото.
Терон повеќепати ги отфрли шпекулациите за естетски операции. Во интервју за Allure во 2023 година изјави дека едноставно старее природно и дека сака да го разгради општествениот притисок кој пред жените поставува невозможен идеал на вечна младост. Таа ги истакна и двојните стандарди, забележувајќи дека мажите често ги споредуваат со фино вино, додека жените „се третираат како свежо исечени цвеќиња“, што таа длабоко го презира тоа.
View this post on Instagram
Смета дека секоја жена има право да старее на начин кој ѝ одговара. Додаде и дека општеството треба да покаже повеќе емпатија кон различните искуства на стареење и дека денес, кога го гледа сопственото лице на огромни билборди, целата ситуација ѝ изгледа дури и малку комично.
Н.Т
Таа ги демантира естетските зафати