Три светски икони ќе ја предводат модната ноќ: Мет гала како никогаш посилна

Мет Гала 2026 е отприлика за пет месеци, но копретседавачите- домаќините веќе се објавени. Бијонсе, Никол Кидман и Венус Вилијамс ќе ѝ се придружат на Ана Винтур како на најголемата модна вечер, соопшти Метрополскиот музеј на уметноста.

Ова ќе биде првата Мет Гала откако Винтур се повлече од своите уреднички должности во Vogue. Исто така, ќе ја означи и првата појава на Бијонсе на Мет Гала од 2016 година. Кидман и Вилијамс присуствуваа на прославата во 2025 година.

Комитетот за домаќини на Мет Гала 2026 ќе биде спроведен од Ентони Вакаерело и Зои Кравиц, а ќе го сочинуваат и Сабрина Карпентер, Доџа Кет, Гвендолин Кристи, Алекс Консани, Мисти Коупленд… а уште имиња ќе бидат објавени дополнително.

Минатиот месец, Институтот за костими при Метрополскиот музеј ја објави својата пролетна изложба, која обично го инспирира дрес-кодот за вечерта.

Изложбата е насловена „Костимска уметност“, а кураторот Ендрју Болтон изјави дека ќе ги спои предметите, скулптурите и сликите од музејот со облеки од Институтот за костими. Ќе биде отворена од 10 мај 2026 до 10 јануари 2027 година, веднаш по Мет Гала на 4 мај 2026.

Изложбата „ќе ја истражи централната улога на облеченото тело, ставајќи во дијалог предмети од целата огромна колекција на Музејот со историски и современи модни парчиња од Институтот за костими“, стои во соопштението на музејот.

Понатаму, изложбата „ќе биде организирана во серија тематски типологии на телото кои ја одразуваат нивната распространетост и долговечност низ времето и просторот“.

„Костимска уметност ќе претстави динамичен и научен разговор помеѓу облеките од Институтот за костими и широк спектар уметнички дела од огромната колекција на Мет, издигнувајќи универзални и безвременски теми и воведувајќи нови идеи и начини на гледање“, изјави директорот и извршен директор на Мет, Макс Холeјн.

„За инаугуралната изложба на Институтот за костими во новите галерии ‘Конде М. Наст’, сакав да се фокусирам на централноста на облеченото тело во Музејот, поврзувајќи ги уметничките претстави на телото со модата како олицетворена уметничка форма“, додаде Болтон.

Изложбата првпат ќе се одржи во речиси 12.000 квадратни метри галериски простор, кои ќе го носат името на Конде М. Наст. Како што соопштија од Мет гала, изложбата и добротворниот настан се овозможени благодарение на Џеф Безос и Лорен Санчез Безос.

Пролетната изложба оваа година беше насловена „Superfine: Tailoring Black Style“, со дрес-код „Tailored for You“, а копретседавачи беа Луис Хамилтон, Колман Доминго, Фарел Вилијамс, A$AP Роки и Винтур.

Н.Т