Хуманоста на дело: Елена Лука, сопственичката и креативен директор на ELENA LUKA групацијата, наградена за борба против гладот и сиромаштијата
Во време кога сè почесто зборуваме за кризи, неизвесност и борба за опстанок, хуманоста останува најсилниот одговор на сиромаштијата и гладот. Зад статистиките и бројките стојат реални човечки приказни – празни трпези, семејства кои се борат да преживеат и деца за кои основните потреби сè уште не се секојдневие. Токму во такви моменти, солидарноста и несебичната поддршка добиваат вистинско значење, покажувајќи дека општеството има сила да се обедини и да биде глас и рака за оние на кои им е најпотребно.
Г-ѓа Елена Лука, сопственичката и креативен директор на ELENA LUKA групацијата во име на ELENA LUKA HOME со огромна благодарност ја прими плакетата од хуманитарната организација „Свети Спас“, како признание за несебичното учество и поддршка во борбата против гладот и сиромаштијата во Македонија.
Ова признание не е само награда, туку потврда дека хуманоста, солидарноста и човечноста се вредности кои живеат и се практикуваат.
Со срце исполнето со благодарност, ELENA LUKA HOME продолжува да биде поддршка таму каде што е најпотребно.