Морковите се зеленчук кој е богат со витамини и минерали и се користи во исхраната во текот на целата година и во најразлични форми. Може да се користи свеж во салати, а се употребува и при подготовка на разни јадења пропржен, сварен или печен.
За денес ви препорачуваме печени моркови со пармезан, рецепт што се подготвува многу брзо и едноставно, а е навистина вкусна закуска како мезе или пак, како прилог со главно јадење.
Излупете ги и измијте ги морковите и исецкајте ги на тенки парчиња по должина налик ленти. Одозгора ставете малку масло, сол и бибер, а може да ставите и некој зачин плус по желба. Ставете ги на хартија за печење во рерна на 200 степени и печете додека не се зацрвенат. Кога веќе ќе бидат при крај, наросете врз секој морков рендан пармезан, количински онолку колку што сакате и вратете во рерна уште 5 минути.
Сервирајте со сос по желба, додадете свеж магдонос или босилек по избор и уживајте во солениот растопен вкус на пармезанот врз совршено испечените и меки моркови.
На здравје!