
Првиот работен ден во новата година го започнуваме со топла комбинација на бордо и сива.
Нашиот петочки предлог е сиво, миди здолниште дополнето со бордо, џемпер-ролка. За да пркосиме на минусните температури додаваме крзнено палто во сив тон и бордо чизми на врвки.
Финишираме со сива беретка.
Ви посакуваме убав викенд.