Мерил Стрип како Миранда Пристли добила речиси посттрауматско стресно нарушување: Еве зошто

Дваесет години по првиот култен класик, „Ѓаволот носи Прада“ се подготвува за големо враќање на големото платно, со продолжение закажано за 1 мај. Но за Мерил Стрип, враќањето во чевлите на Миранда Пристли не било ни малку лесно.

Во интервју за Vogue, актерката со доза хумор ја раскажува својата мака со костимите на ликот:

„Како некој што е на таа позиција веќе 20 години, таа го задржала својот изглед така што го адаптирала, исто како што сите ние се менуваме со времето. Но речиси добив ПТСН (Посттрауматско стресно нарушување) од носење штикли 16 недели. Треба да добијам Претседателски медал на слободата!“

Оваа изјава Стрип ја користи во шега, опишувајќи го речиси трауматичното искуство од постојаното носење високи потпетици во текот на неколку месеци снимање.

Костимите како продолжение на ликот

Иако Миранда Пристли останува ултимативна икона на стилот, Стрип признава дека повторното откривање на нејзината гардероба било мешавина од носталгија и изненадување:

„Беше како да го отворам задниот дел од сопствениот плакар и да си помислам: ‘Ох, се прашувам дали ова сè уште ми стои?’“

Нејзиниот филмски партнер, Стенли Тучи, кој повторно се појавува во улогата на Најџел Киплинг, го потврдува тоа:

„Во овој филм, костимите се неразделен дел од ликот.“

За продолжението, стилистката Моли Роџерс се погрижила облеката да остане безвременска, но истовремено и адаптирана за 2026 година: скулптурални силуети, couture парчиња и внимателно одбрани аксесоари, ништо не е оставено на случајноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Миранда, но со удобност

Самата Мерил Стрип активно учествувала во процесот на избор на костимите, инсистирајќи на парчиња како сакоа со нагласени раменици и прилагодувајќи одредени модели за да го задржи прецизниот стил на Миранда, но и да си обезбеди поголема удобност.

„Како некој што е на оваа позиција веќе 20 години, таа го задржува својот изглед така што го прилагодува, исто како што правиме сите ние со текот на времето“, објаснува Стрип.

Повторното гледање на костимите било и емотивен шок. Актерката признава дека чувството било речиси надреално. Истото го споделува и Ен Хатавеј, која повторно се враќа во улогата на Енди Сакс, опишувајќи го моментот кога ја видела Мерил како чекори низ ходникот во костимот на Миранда како „психоделичен“- вистински портал назад во времето.

Н.Т