ELENA LUKA HOME, градежната компанија со докажано реноме и квалитет, во изминатиот период ја започна промо кампањата за своите актуелни проекти во повеќе градови низ Македонија.
После успешните посети на Битола, Прилеп и Куманово минатата недела, каде што тимот на ELENA LUKA HOME оствари многу нови контакти, соработки и пријателства, оваа недела продолжуваат со промо кампањата во Охрид, Кавадарци, Штип и Струмица.
Во среда, на 21-ви август, ELENA LUKA HOME ќе ја спроведе промо кампањата во Охрид на плоштадот “Св. Кирил и Методиј” од 18 до 22 часот, а во истото време утредента на 22-ри август, четврток, ќе бидат позиционирани на плоштадот “Маршал Тито” во Кавадарци. Во петок, на 23-ти август на агендата ќе биде Штип од 9 до 13 часот на “Мал Плоштад”, и Струмица од 18 до 22 часот на “Градски Плоштад”.
Посетителите ќе може да се информираат за станбено-деловниот објект FUTURA 2 на ELENA LUKA HOME, кој се наоѓа во Општина Кисела Вода, како и за станбено-деловниот објект MELODY, лоциран во населбата Железара.
Заинтересираните минувачи ќе може подетално да се информираат за сите типови на станови и квадратури и за можностите за нивниот бизнис, а ќе може да дознаат и повеќе за високо-квалитетните материјали што се имплементираат, функционалноста на станбените единици и ексклузивноста на деловните простори, по што е препознатлива работата на ELENA LUKA HOME.