Џулиен Мур и Тилда Свинтон позираа во заедничка фотосесија за септемвриското издание на шпанскиот Вог.
Двете успешни актерки ги играат главните улоги во најновиот филм на познатиот режисер Педро Алмодовар, којшто го носи името The Room Next Door.
Мур и Свинтон, 63, зад себе имаат многу награди, вклучувајќи и оскар. Тилда е позната по портетирање на улоги на силни и моќни жени, додека Џулиен е препознатлива по нејзините драматични изведби.
Двете актерки ја красат насловната на шпанскиот Вог, наполнувајќи се една со друга во уметничка фотосесија.
Свинтон која е позната по својот андроген стил, совршено се надоврзува на женствениот шарм на Мур создавајќи една артистичка целина во која двете актерки заеднички ја раскажуваат приказната.
The Room Next Door ќе биде премиерно прикажан на втори септември на Венецискиот филмски фестивал.
Фото: Instagram