Панталоните се неизоставен дел од деловниот стајлинг во секое годишно време.
Класичната должина е најприсутна, но доколку дозволува работното место носиме и пократки модели.
Беж тоновите, бела, сива и црната се боите кои ги сретнуваме најчесто, но не изостануваат и варијантите со дезени и поразиграни нијанси.
Ги комбинираме во зависност од сезоната, а во лето спојките се најчесто со памучни кошули, маички на кратки ракави и елегантни блузи во зависност од дрес кодот.
Кроевите со раб се секогаш сигурен избор како и широките модели.
Потпетиците совршено одговараат речиси на секој модел, а доколку работата дозволува, панталони комбинираме со патики и сандали.
Ваше е само да го одберете парот што најмногу ви прилега.
Фото: Pinterest