Лејди Гага во драматичен црн фустан предизвика сензанција во Венеција

Лејди Гага која е добро позната по своите ексцентрично гламурозни изданија на црвениот тепих, ги воодушеви и присутните на Венецискиот филмски фестивал.

Ѕвездата се појави во драматичен црн фустан, којшто го надополни со интересна шапка со мрежа во готски стил.

Фустанот, креација на Диор, го красеше кадифен корсет, додека долниот дел беше составен од плисирано здолниште со пуфкасти завршетоци налик на лепеза.

Таа во една прилика има кажано дека љубовта кон високата мода ја има наследно од мајка и, која велела дека гламурозниот изглед е добар за менталното здравје.

Гага, 38, вчера во Венеција се појави заедно со својот свршеник Мајкл Полански и беше вистинска ѕвезда на вечерта.

Таа го покажа и својот веренички прстен од осум карати, којшто беше јаготка на шлагот на гламурозниот стајлинг.

Долгоочекуваниот филм Joker: Folie à Deux, каде пејачката ја игра улогата на Харли Квин, по премиерата беше поздравен со громогласен аплауз.

Фото:Getty, Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian