Зошто женските џебови постанаа контроверзини? Многу подлабоко отколку што изгледа

Зошто машката облека има толку многу џебови, а женската толку малку? Со векови, скромниот џеб претставува точка на поделба во родовата нееднаквост во модата.

Денес, со хаштагот #WeWantPockets (Сакаме џебови) кој сè повеќе се шири на социјалните мрежи, се поставува прашањето, дали конечно нешто ќе се промени?

Трендовите на социјалните мрежи често се тешки за разбирање и на прв поглед, неодамнешниот бран женски видеа на TikTok, во кои се прикажани раце што собираат што повеќе предмети колку што физички можат да понесат, изгледаше како уште една интернет-мода без смисла.

Но таканаречениот „канџа зафат“ (claw grip) не е толку случаен како што изгледа. Тој служи како најнов „тројански коњ“ за прашањето што упорно се враќа- зошто женската облека нема повеќе џебови?

Ова речиси стана меме само по себе: жена која и дава комплимент на друга жена за нејзиниот фустан, а одговара возбудено: „Има џебови!“

Заборавете на потрагата по совршени фармерки, совршена бела маица или идеален црн фустан, ништо не предизвикува поголема радост од еден едноставен квадрат ткаенина.

Но зад таа безгрижна возбуда се крие вистинско незадоволство: скромниот џеб одамна е точка на родова нееднаквост во модата.

Нееднаквоста околу џебовите не е нова – таа е повеќевековна.

Историјат на џебовите

Џебовите во женската облека одамна биле само дополнителен елемент.

„Во 16 и 17 век, жените имале некаква форма на џеб“, вели Стивенсон.

„Тие носеле таканаречени врзувачки џебови кои се врзувале околу половината под здолништата, со отвор од страната за да може да се пристапи до нив.“

Овие џебови често биле богато украсени и служеле за чување клучеви, пари, марамчиња, прибор за шиење, па дури и скапоцени предмети како часовници, шишенца парфем и табакери.

„Тие симболизирале чувство на самостојност“, вели Стивенсон.

Но кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, со појавата на регентскиот стил и по-тесните силуети, тие исчезнуваат.

Со нив исчезнува и дел од женската независност.

„Ако жената не може да носи свои вредни предмети во јавност, таа станува поранлива и зависна од мажи или слуги“, објаснува Стивенсон.

Многу жени тогаш почнале да користат чанти.

„Но тоа дополнително ја намалува слободата, затоа што значи дека рацете не ви се слободни“, додава таа.

Џебовите како политичко прашање

Иако ова незадоволство постоело одамна, дури во почетокот на 20 век џебовите стануваат политичко прашање.

Жените не барале само право на глас – тие барале и џебови.

Во тоа време, дури и постоеле сатирични карикатури кои ги исмејувале жените што „се однесуваат како мажи“ со рацете во големи џебови.

„Интересно е што џебот станал симбол на женската независност“, вели Елизабет Евитс Дикинсон.

Модата и практичноста

Клучна фигура во оваа приказна е американската дизајнерка Клер Мекардел, која верувала дека облеката треба да биде убава, практична и удобна.

„Таа разбираше дека џебовите се повеќе од место за предмети – тие имаат психолошко значење“, вели Дикинсон.

Мекардел дизајнирала облека што одговарала на реалниот живот на жените, а не само на естетски идеали.

Но по Втората светска војна, со „Нов изглед“ на Кристијан Диор, се враќаат тесните струкови и женствените силуети, а практичноста паѓа во втор план.

Диор наводно изјавил:
„Џебовите се за мажите да ставаат работи во нив, а за жените се украс.“

Денешната ситуација

Денес, и покрај повремени трендови со длабоки џебови на модните писти, прашањето останува нерешено.

Луксузната мода сè уште често ја фаворизира силуетата пред практичноста.

„Индустријата не ја става женската независност во преден план“, вели Стивенсон.

Во исто време, брзата мода избегнува дополнителен материјал – што значи помалку или никакви џебови.

Нов бран промени

Сè повеќе жени земаат иницијатива.

Дизајнерката Џули Сигел ја основала линијата „Project Pockets“ во 2021 година, незадоволна од недостатокот на промени.

„Ако сакам промена, морам сама да ја создадам“, вели таа.

Нејзините модели со големи џебови станале популарни, а многу жени ја поддржале идејата.

Борбата за џебови е повеќе од прашање на практичност – таа е прашање на слобода, еднаквост и начин на живот.

Иако има мали знаци на промени, останува прашањето: дали модата конечно ќе почне да ја слуша жената – или ќе продолжи да ја гледа само како естетски објект?

Како што заклучува Дикинсон:
„Идејата дека џебот е само додаток, а не потреба – е навистина шокантна.“

Н.Т