Од златен гламур до црна моќ: ELENA LUKA има сè што жената посакува

Препознатлив по бескомпромисна изработка, префинета естетика и визија што оди чекор пред времето, бендот ELENA LUKA одамна се позиционира како модна куќа која нуди стил за сечиј вкус, но секогаш со високи стандарди, луксузен финиш и внимателно осмислен дизајн.

Без разлика дали станува збор за жена која бара класична елеганција, современа сензуалност или авангардна модна појава, брендот создава парчиња што ја слават индивидуалноста. Во секоја колекција се чувствува истата филозофија, модата не треба само да се носи, туку да зборува.

Токму тоа го потврдуваат и две впечатливи креации кои совршено ја отсликуваат разновидноста и силата на брендот.

Првата, Glimmering Grace Mini Dress, ја носи суштината на модерната софистицираност и заводливост.

Изработен од раскошна златна чипка, фустанот е украсен со внимателно поставени светкави детали што блескаат под секое светло. Долгите ракави и високата јака внесуваат доза елегантна дисциплина, додека тесната силуета ја нагласува женственоста со прецизна мерка.

Овој модел е создаден за коктел вечери, гала настани и моменти кога впечатокот мора да биде незаборавен. Разиграните реси околу јаката внесуваат современ карактер и храброст, претворајќи го фустанот во вистинска модна сцена.

Од друга страна, Obsidian Veil Corset & Skirt Set претставува сосема поинаков, но подеднакво моќен израз на современиот гламур.

Овој впечатлив ансамбл спојува минималистички структуриран црн корсет без прерамки, кој совршено ја обликува линијата на телото, со уникатно мини здолниште надополнето со етеричен слој од бела проѕирна органза што нежно паѓа до глуждовите.

Контрастот меѓу цврстата форма и леснотијата на транспарентните слоеви создава силуета што е драматична, урбана и бескрајно елегантна. Тоа е избор за жена која сака да влезе во просторија и веднаш да остави впечаток.

Она што ги обединува овие две креации е потписот на ELENA LUKA,  чувство за современа жена која е различна секој ден, но секогаш беспрекорно стилизирана. Еден ден таа избира златен сјај и сензуална елеганција, следниот архитектонски линии и минималистичка моќ. Брендот ја разбира таа динамика и токму затоа создава мода што не ограничува, туку ослободува.

Линк до креациите

Glimmering Grace Mini Dress – ELENA LUKA

Obsidian Veil Corset & Skirt Set – ELENA LUKA

Н.Т