Плетените фустани со сиот свој шарм

Плетените фустани се одличен избор за сезоната есен/зима. Тие се секогаш супер решение кога ни е потребна елеганција и комфор.

Штом температурите ќе паднат бараме нешто топло и меко и тогаш на сцена стапуваат плетените фустани.

Едно вакво квалитетно парче облека, коешто е доволно само по себе, е речиси задолжително за месеците пред нас.

Останува само да одберете чевли, јакна (по потреба) и некој моден додаток од типот на ремен, марама или брош.

Најчест избор остануваат макси моделите, а кога станува збор за боја, неутралните, пастелни нијанси од типот на крем, сива, кафена, бела се најзастапени.

Високите чизми им се верен сојузник, со или без потпетица, a доколку сте за покомотен чекор тука се патиките и мокасинките.

Доза инспирација од нашиот фото водич.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.