Познатата водителка Опра Винфри неодамна се присети на еден настан со Витни Хјустон, кој денес отвора прашања за границите на приватноста, медиумската изложеност и културата на социјалните мрежи.
Имено, инцидентот се случил во 2009-та година, за време на снимањето на интервјуто во кое Витни Хјустон го промовирала својот повратнички албум „I Look to You“. Пејачката тогаш минувала низ многу тежок период од животот, борејќи се со зависности.

Опра сега прв пат сподели дека тогаш зад сцената се случил непријатен момент. Витни паднала на сетот, а околностите укажувале на нејзината тешка состојба. По инцидентот, Опра ги замолила сите присутни да не споделуваат фотографии ниту информации за она што се случило.

Иако во публиката имало луѓе со камери и мобилни телефони, ниту една снимка никогаш не стигнала до медиумите, ниту пак се појавила на интернет.
Гостувањето кај Опра Винфри станало еден од најгледаните телевизиски настани таа година и поттикнало бројни дебати за враќањето на Витни на сцената.
Намерата на Опра била всушност да укаже на една многу поширока тема – исчезнувањето на приватноста во дигиталната ера.
Додека некогаш одредени моменти можеле да останат само меѓу луѓето кои присуствувале на одреден настан, денес речиси секоја случка може да стане вирална за само неколку минути.