Колагенот е најзастапениот протеин во телото е важен за здравјето на кожата, зглобовите, коските и косата. По 25та година неговото природно производство постепено се намалува, па многумина се прашуваат дали е подобро да се внесува преку исхрана или како додаток.
Колаген преку исхрана
Организмот сам создава колаген ако ги има потребните хранливи материи. Затоа е важно во исхраната да има доволно протеини, витамин Ц, како и минерали како цинк и бакар. Супата од коска, рибата, пилешкото месо, јајцата, цитрусното овошје, пиперките и брокулата се одличен избор.
Дали колагенот во прав делува?
Хидролизираниот колаген е популарен додаток во исхраната. Истражувањата покажуваат дека редовното користење може да придонесе за подобра еластичност и хидратација на кожата, како и за поддршка на зглобовите, но не е чудотворно решение и резултатите се индивидуални.
Што е подобар избор?
Најдобри резултати се постигнуваат со разновидна исхрана и здрав начин на живот. Колагенот во прав може да биде корисен додаток, но не може да ја замени квалитетната исхрана. Ако се одлучите за суплемент, комбинирајте го со доволен внес на витамин Ц за подобра природна синтеза на колаген.