Четврток во фустан кошула

Денешниот четврток е резервиран за бел фустан-кошула на риги. Топлото време си го прави своето па одбираме стајлинг содветен за температурите.

Ова парче облека го комплетираме со рамни сандали во светло кафена нијанса и голема чанта во иста боја.

Финишираме со светло кафен ремен.

Имајте убав ден.