Во магичниот амбиент на сцената Долни Сарај во Охрид, синоќа се одржа свечен концерт по повод 99-годишнината од основањето на Кинеската народноослободителна армија, во организација на вонредната и ополномоштена амбасадорка на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan) и военото аташе, полковник Зу Нинг (Zu Ning).
Настанот беше збогатен со спектакуларен настап на Симфонискиот оркестар од Нингбо (Ningbo Symphony Orchestra), кој пред бројните гости приреди вечер исполнета со врвна музичка изведба, културна размена и свечена атмосфера. Концертот се одржа од 20 до 22 часот, по што следуваше прием за поканетите гости.
View this post on Instagram
Меѓу специјално поканетите гости на овој престижен дипломатски настан беше и тимот на ELENA LUKA, кој со своето присуство ја збогати вечерта во која културата, уметноста и елеганцијата се споија во едно.
Претставничките на брендот се појавија во внимателно избрани креации од колекцијата La Dolce Estate 2026, колекција што се издвојува со префинета женственост, современ медитерански дух и препознатливата висока естетика на ELENA LUKA.
Софистицираните силуети, луксузните материјали и рачната изработка совршено се вклопија во свечениот карактер на вечерта, уште еднаш потврдувајќи дека македонскиот моден бренд достоинствено може да биде дел од најзначајните дипломатски и културни случувања.
Концертот на Симфонискиот оркестар од Нингбо беше поздравен со долг аплауз од присутните, а вечерта уште еднаш ја потврди важноста на културната дипломатија како мост меѓу народите, каде музиката, уметноста и модата зборуваат универзален јазик.
Со своето присуство, ELENA LUKA уште еднаш ја нагласи својата определба да биде дел од настани што ја слават културата, елеганцијата и меѓународната соработка, претставувајќи ја македонската модна сцена во најдобро светло.
Н.Т