Капутот и неговиот моќен стилски момент

Ноември е пред нас, а тоа е месецот кога капутите играат главна улога. Заедно со зимските јакни, тие се must have во гардероберот преку целата сезона.

Капутот има моќен стилски момент за секој од нас и на некој начин ја дефинира нашата замисла за себе си.

Покрај тоа што ни е неопходен кога температурите ќе паднат, со него чувствуваме поголема сигурност и самодоверба. Токму затоа ова топло парче облека е едно од омилените на многу дами.

Од година во година стилските игри ни дозволуваат да го комбинираме со многу работи. Ако порано беше незамисливо капут да се носи заедно со патики, денес тоа е една ултра шик комбинација.

Во однос на дезени и бои, неутралните нијанси доминираат, а неретко во сретнуваме во пепито или карирана форма.

Иако долгите капути се речиси некој стандард, и оние пократките си го наoѓаат своето место.

И затоа денес нашата мала галерија ја посветуваме токму на нив.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.