ЕЛЕНА ЛУКА – Панелистка на тема „Како жените си подаваат рака во бизнисот“

Визионерката и успешна претприемачка ЕЛЕНА ЛУКА во петок 13.12.2024 година ќе учествува на панел дискусијата „Како жените си подаваат рака во бизнисот“. Овој инспиративен настан ќе се одржи во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“, која по седми пат ги слави успесите, креативноста и иновативноста на жените.

ЕЛЕНА ЛУКА е вистински пример за лидерство, иновација и посветеност, во светот на модата,  а нејзиниот бренд е синоним за авангарда, уникатност и врвна креативност. Преку ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, таа го редефинира начинот на кој се гледа на градежната индустрија, носејќи современи стандарди и иновации во архитектурата и недвижностите. Таа е исто така успешна и во дигиталниот медиумски свет со водечкиот моден магазин FashionEL.mk.

На конференцијата ќе се разговара за тоа како жените можат да се поддржат и охрабрат во нивниот професионален и личен развој. Панел дискусијата, во која ЕЛЕНА ЛУКА ќе учествува, ќе биде платформа за споделување на лични искуства, успешни стратегии и начини на вмрежување кои се клучни за креирање на посилна заедница на жени претприемачки.

Како визионерка која создава можности за жените во нејзиниот тим и пошироко, ЕЛЕНА ЛУКА е идеален пример за тоа како жените можат да постигнат исклучителни резултати преку соработка и поддршка.

Конференцијата „Жени претприемачки“ е настан каде ќе учествуваат сопственички на бизниси, жени со претприемачки идеи, како и лидери од различни професии – од корпорации, медицината, образованието, спортот и многу други области.

Покрај официјалните презентации и дискусии, настанот ќе овозможи нови можности за вмрежување, создавање на долготрајни пријателства и соработки,

Во рамки на настанот ќе се одржи и изборот за „Жена на годината“ во повеќе категории. Настанот кој е во организација на Касиа, ќе се одржи во просториите на Музејот на македонската борба во Скопје.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian