Животинските принтови, било суптилни или интензивни, се постојано присутни низ сезоните и носат уникатна доза на елеганција. Кога се дозирано имплементирани, резултираат со успешни комбинации. За дизајнерите, животинските принтови се секогаш предизвик, па често ги вметнуваат во своите колекции, давајќи им нов контекст.
Зебра принтот подготвува големо враќање како тренд за 2025 година. Веќе сме забележале дека е присутен во уличната мода, најчесто во монохроматски црно-бели комбинации. Минатата година, оваа смела шара ја носеа познати личности како Тејлор Свифт, Ријана и Кендал Џенер, а дизајнерите Jacquemus и Roberto Cavalli ги претставија во своите колекции.
Како да носите зебра принт во 2025?
Ако животинскиот принт ви се чини премногу, но сакате да го вклучите во вашите комбинации, започнете со чанта со зебра принт. Ова е одличен начин да додадете акцент на едноставните и шик комбинации. Зебра принтот одлично изгледа со сива, црна и бела боја.
Здолништа со зебра принт се фаворит во колекциите на светските дизајнери. Тие ги комбинираат со црни, бели и црвени тонови или за секојдневни комбинации, со тексас кошули.
Ако сте подготвени за малку модна драма, носете фустани, зебра одела или палта со овој принт. Комбинирајте ги со црни парчиња за да создадете впечатлив, но елегантен изглед.