Изборот на фармерки како тинејџер во раните 2000-ти не беше само модна одлука, тоа беше изјава за идентитет.
Во тоа време друштвата можеше да се диференцираат по тоа какви фармерки носат. Едни припаѓаа на екипата со скејтерски фармерки, други го копираа стилот на Destiny’s Child со ниско-кроени модели, а трети носеа ѕвонаст крој. Едноставно фармерките ги раскажува нивните приказни.
Денес, Генерацијата Z за најновите трендови главно се инспирира од социјалните мрежи и ѕвездите кои промовираат различни стилови.
Токму на социјалните мрежи Бела Хадид се истакна како заштитно лице на враќањето на ѕвонастите фармерки, комбинирајќи ги со нејзината љубов кон јавачкиот стил – чизми каубојки, кожни ремени и структурирани кошули.
Доколку сте подготвени повторно да ги облечете овие фармерки, еве како да ги носите во 2025 година:
- Обувки: Комбинирајте ги со ниски потпетици за префинет изглед или со ретро патики за поопуштен стил.
- Крој: Суптилен кој благо ги следи облините и се шири кон долниот раб за современ ефект.
- Стил: Преферирајте висок струк со ремен кој ја нагласува линијата. Вметнете класична бела маица или структурирана кошула за елегантен изглед.
Ѕвонастите фармерки докажуваат дека и стариот џинс може повторно да биде модерен и да се носи со стил.