Уникатен елек- задолжително модно парче за пролет 2025

Забележан на модните писти и веќе популарен на улиците, елекот со уникатен „флафи“ волуменозен дизајн става моден печат на транзицијата од зима во пролет.

Една од првите кои го промовираа овој тренд е британската дизајнерка Талија Бајр, чиј волуменозен елек го украде вниманието на нејзината ревија пролет/лето 2025. Со смелото стилизирање на ова модно парче, шарените топови и ремени со впечатливи бои креацијата на Бајр носи дух на ’60-тите, претворајќи го ова парче облека во модерен есенцијал.

Бајр не е единствената која го промовира овој тренд. Волуменозните елеци од материјал или вештачко крзно се појавуваат во колекции на врвни брендови и независни дизајнери. Брендот Cawley Studio нуди елеци од специфични материјали изработени во Лондон, спојувајќи луксуз и практичност.

Елеците се лесни за во пролет, совршени за слоевито облекување и едноставни за комбинирање со фармерки или елегантни парчиња.

Ви препорачуваме да ги комбинирате со ребрести ролки и фармерки или со елегантни здолништа кога температурите ќе пораснат.

Без разлика дали ќе одберете нови дизајни или винтиџ парчиња овој тренд ветува дека ќе внесе забава и уникатност во вашиот гардеробер.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian