Денимот доминира во уличната мода

Последните фотографии направени на улиците на Лондон покажуваат дека денимот убедливо доминира кога е во прашање уличната мода. Може да се забележи значително оттргнување од фармерките со низок струк инспирирани од 2000-тите и тесните модели. Наместо тоа, љубителите на модата се свртуваат кон елегантни фармерки со прави ногавици.

Кога станува збор за стилизирање, неколку трикови доминираат. Присутните ги комбинираат своите фармерки со бомбер јакни и меко крзно, ги носат врз кошули, украсени со машки кравати, додека други ги вовлекуваат фармерките во високи чизми. На списокот на трендови се најдоа и здолништата врз фармерки како и „double denim“ комбинации.

Здолништа врз фармерки – Од проѕирни здолништа над фармерки до структурирани мини-здолништа кои додаваат димензија на изгледот, овој тренд повторно се враќа и е исклучително атрактивен во уличната мода.

Double Denim – Смел избор за модерен пресврт. Вљубениците во стилот носат тексас на тексас, комбинирајќи предимензионирани јакни со фармерки со висок струк или елегантни модели со прави ногавици за беспрекорно усогласен изглед.

Краватите во прв план –  Кошулите со лабаво заврзани кравати комбинирани со деним носат лежерно, кул и андрогено чувство во уличниот стил, често надополнети со бомбер јакни или меки крзнени палта.

Кратки палта од вештачко крзно – Луксузен момент во секојдневниот стил. Кратките крзнени палта додаваат топлина и текстура во изгледот, совршено комбинирани со фармерки и џемпери за контраст помеѓу елеганција и удобност.

Избледен тексас – Опуштените, винтиџ нијанси се ин и носат лежерен, но префинет допир во секојдневниот стил. Во комбинација со структурирани блејзери или вовлечени во високи чизми, овој безвременски тренд го освежува класичниот тексас изглед.

Без разлика за кој од овие трендови ќе се одлучите ќе креирате шик изглед кој дефинитивно нема да остане незабележан.

Фото: Vogue.co.uk

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian