Модната недела во Њујорк ги претвори улиците во вистинска модна писта

Модните ентузијасти деновиве имаат нова омилена дестинација – Њујорк. Модната недела таму е во полн ек, а метрополата е местото каде се оди да се биде виден во најдобро можно издание.

Но, и покрај презентацијата на најновите парчиња од колекциите на големите дизајнерски имиња, уличната мода во Њујорк е вистинско уживање.

Додека трае модната недела во градот (6-11 февруари) улиците раскажуваат возбудливи стилски приказни.

Од смели, слоевити парчиња, парирани во контрасни бои, до приземјени, монохроматски комбинации, деновите на модната недела секогаш ни носат нешто свежо, ново и интересно.

Секако црната останува безвременска и повторно дава свој доминантен печат, а тоа се однесува и на џинсот. Трендот на предимензионираност и натаму продолжува, а судејќи според уличната мода следната есен ќе ја обоиме во топли бежови и кафеави тонови.

Меките крзна ќе дадат елеганција на секој изглед, а црвената боја ќе се проткајува низ деталите.

Во продолжение дел од она што можеше да се види на Њујоршките улици деновиве.

Фото: Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian