Тејлор Свифт на Супербоул 2025- спој на мода и емоции

Тејлор Свифт беше една од ѕвездите кои привлекоа најголемо внимание на Супербоул 2025, каде што пристигна за да го поддржи својот партнер, Тревис Келси. Нејзиниот избор на облека беше интересен спој на урбана мода и емотивна симболика.

Свифт се истакна во елегантен бел блејзер од Saint Laurent, комбиниран со тесно боди и кристално украсени кратки тексас шорцеви од Monday Denim. Комбинацијата ја заокружи со впечатливи високи чизми над колена, внесувајќи доза на софистицираност.

Она што навистина го привлече вниманието беа внимателно одбраните детали.

На нејзиниот врат се истакнуваше дискретен синџир со буквата „Т“, што претставуваше нежна посвета на Келси, а беше сличен на оној што го носеше  на Греми наградите само една недела претходно.

Покрај тоа, нејзиниот накит, кој вклучуваше рубини, дијаманти и злато суптилно ги одразуваше боите на тимот на Келси – Канзас Сити Чифс.

Освен Тејлор Свифт на трибините на Супербоул 2025 можеа да се видат многу познати лица како претседателот на САД- Доналд Трамп, пејачката Лејди Гага, актерите Кевин Костнер и Бредли Купер, раперот Џеј Зи, Лионел Меси и други.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian