Сезоната што следи е наменета за здолништата, а балон варијантата е за сите оние кои сакаат романтична нишка.
Овој модел за прв се појавува на модната сцена помеѓу 1954-та и 1957-ма. Зад нивниот дизајн стојат генијалните Пјер Кардин и Кристијан Диор, чијашто идеја стана безвременска.
Модерното балон здолниште денес се движи во полежерна насока, па може да се носи во разни комбинации.
Инфлуенсерите секогаш му посветуваат внимание, а следниов мал фото водич ќе ви покаже како да го споите за да изгледате тренди.