Синиот тепих на Мет Гала 2025 во чест на црнечкиот дендизам

Во Музејот Метрополитен во Њујорк, вчеравечер се одржа Мет Гала 2025, која што годинава го стави акцентот на еден специфичен моден правец од минатото – црнечкиот дендизам.

Ана Винтур и тимот овојпат сакаа да оддадат почит на нешто што е повеќе од мода – став, гордост и ослободување од стегите на изразувањето.

Со ова всушност и се дефинира овој правец, којшто зазема еден значаен дел од црнечката историја и стил.

Дизајнерите како и секоја година осмислија креативни решенија, а ѕвездите меѓу кои музичари, актери, модели и спортисти гордо ги носеа одлично скроените тематски парчиња.

Ријана беше едно од поголемите изненадувања на синиот тепих откривајќи ја нејзината трета бременост.

Дрес кодот за прв пат беше фокусиран на машката мода, но и дамите успешно се вклопија во приказната за дендизмот.

Костуми со широки рамена, панталони со висок струк и секако доминација на црната боја и екстравагантните кроеви ја одбелажаа вечерта во модна смисла.

Погледнете ја галеријата во продолжение.

Фото: Vogue, Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian