Ако облеката често ви ја „скратува“ фигурата или ве прави визуелно пониски отколку што сте, решението може да биде многу поедноставно отколку што мислите. Понекогаш е доволен само еден правилно избран крој за силуетата веднаш да изгледа поиздолжено и поелегантно.
Токму еден таков моден трик неодамна покажа актерката Наоми Вотс, која се појави на ревија на Balmain за време на Paris Fashion Week. На прв поглед комбинацијата беше класична, но зад едноставноста се криеше внимателно осмислен стајлинг со неколку модни потези што визуелно ја издолжуваат фигурата и ја прават пософистицирана.
Добрата вест е што истиот трик лесно може да се примени и во секојдневниот стил, од деловни комбинации до вечерни излегувања.
Решението што го нуди ELENA LUKA
Во контекст на овој тренд, македонскиот моден бренд ELENA LUKA нуди елегантно решение преку блузата MARENN, дизајнирана токму со идејата да создаде префинета и издолжена силуета.
MARENN блузата е изработена од лесна, флуидна ткаенина со мека мат завршница, која природно паѓа и ја задржува својата форма. Кројот е внимателно балансиран помеѓу структуриран горен дел и нежно дефинирана линија во половината, со што се создава чиста и префинета силуета што ја следи формата на телото и визуелно издолжува.
Предниот дел е обликуван со рачно моделирани, фино плисирани апликации кои додаваат текстура и визуелна динамика, додека долгите ракави со мек волумен завршуваат со дискретни манжетни што внесуваат прецизност и контрола во формата.
Токму ваквиот пристап кон кројот, комбинација од структура и суптилна елеганција ја прави MARENN блузата идеално парче за стајлинзи што бараат јасен став, смирена софистицираност и современ луксуз. Секако, панталоните со висок струк се добитна комбинација.
Кога кројот работи во ваша корист
Во секојдневниот стил, каде често се бара рамнотежа помеѓу практичноста и елеганцијата, ваквите дизајни играат клучна улога. Структурираните блузи, сакоа или набори кои во горниот дел на рамената се поголеми можат визуелно да ја издолжат силуетата, да го нагласат струкот и да внесат софистицираност дури и во наједноставните комбинации.
Затоа не е изненадување што ваквите модели сè почесто се појавуваат во новите колекции на модните куќи. Понекогаш е потребен само еден добро избран детал за целата комбинација да изгледа поскапо, поелегантно и стилски посигурно.
Линк до креацијата:
Н.Т