
Донатела Версаче е име кое е синоним за ултимативен луксуз, храброст и беспрекорен стил. Како глобално позната модна икона, таа зад себе ги има изградено и сочувано темелите на една од најмоќните модни империи во светот – Versace.

Позната по својот карактеристичен изглед – платинесто руса коса, изразени црти и несомнена харизма – Донатела во модните кругови важи за лик со хировит карактер кој не прифаќа компромиси. Многумина во индустријата ја сметаат за опасна и вистинска сила на која мора да ѝ се оддаде почит, бидејќи со децении успева да опстане на самиот врв во суровиот свет на високата мода.
Она што посебно ја издвојува е нејзината директност: таа е жена „без влакна на јазикот“ која секогаш го кажува тоа што го мисли, пркосејќи им на конвенционалните правила. Со својата визија, бестрашност и уникатен пркос, Донатела Версаче не е само моден дизајнер – таа е жива легенда и вечна инспирација.
Еве некои од нејзините легендарни изјави:
„Постојано размислувам за гламур. Се будам наутро и веќе размислувам за гламур.“
„Престанав да работам со личен тренер затоа што не ми дозволуваше да пушам.“
„Природно? Што е природно? Што е тоа? Не верувам во целосна природност кај жените. За мене, природното има некаква врска со зеленчукот.“
„Секогаш носам високи потпетици – едноставно се чувствувам гола без нив.“
„Секоја жена сака секс. Ако не им се допаѓа, треба да одат кај психијатар!“
„Не можеш да се преправаш дека сите го сакаат Версаче. Тоа би било досадно. Подобро е да предизвикаш реакција отколку да не предизвикаш никаква реакција.“
„Ако сакаш да бидеш поинаков, понекогаш мораш да се бориш со сопственото семејство.“
„Што е тоа удобна мода? Да ти биде удобно, тоа не може да биде во вокабуларот на модата. Ако сакаш да ти биде удобно, седи си дома во пижами.“
„Јас сум многу среќна што сум Донатела Версаче.“
(За откажувањето од пушење) „Првиот месец беше во ред. На почетокот не ми пречеше, сега сакам да убијам некого!“