Бред Пит – 62 години холивудска харизма

Холивудскиот заводник Бред Пит денес го слави својот 62-ри роденден. Иако навлезен во седмата деценија, неговата појава се уште предизвикува восхит и мами љубопитни погледи.

Актерот, кој што одамна прерасна во културна икона, не старее, тој созрева со истата тивка харизма што го направи легенда.

Роден како Вилијам Бредли Пит во 1963 година, ѕвездата ја освои публиката со улоги во филмови како Fight Club, Se7en, Legends of the Fall, Once Upon a Time in Hollywood и многу други. Интересно е што Оскарот не го доби прво како актер, туку како продуцент, за филмот 12 Years a Slave.

Среќата му се насмевна во 2020 кога конечно му беше доделена оваа престижна награда, за глума, и тоа за споредна машка улога во Once Upon a Time in Hollywood.

Ова е само доказ дека неговата кариера постојано се движи нагоре, и покрај личните турбуленции.

По разводот со Анџелина Џони, Бред Пит ги полнеше таблоидите со наслови за неговата борба со алкохолизмот, терапијата и обидите да стане подобар татко. Но, токму оваа ранливост го прави уште попривлечен.

Ѕвездата веќе неколку години во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон. Двојката неретко се појавува заедно на јавни настани, а се чини дека Рамон е на добар пат за стане и повеќе од девојка.

Холивудскиот заводник секогаш бил поим за харизма, безвременски стил и машка елеганција.

Неговите квалитети со децении го позиционираат меѓу највлијателните мажи во светот на шоу бизнисот.

Можеме слободно да кажеме дека Бред Пит е симбол на автентичност и стил што не се обидува да импресионира, туку едноставно постои.

Среќна 62-ка!