Тејлор Свифт повторно привлече огромно внимание на црвениот тепих на MTV наградите во Лос Анџелес.
Овој пат ѕвездата одбра креација од австралиската дизајнерка Тамара Ралф. Стајлингот, дел од колекцијата есен 2026, на одличен начин спои елеганција, драматичност и дискретен гламур.

Централниот дел од изгледот беше темносиниот, речиси црн кадифен горен дел со отворени детали од проѕирна мрежа. Од половината се спушташе впечатливо, асиметрични поставено, сребрено здолниште со светкави детали и висок шлиц којшто дополнително ја нагласи силуетата.

Тејлор го надополни изгледот со висечки дијамантски обетки и светкави сандали, додека шминката овојпат беше нежна со неутрални, розеникави усни наместо класичниот црвен кармин.

На овогодишните VMA награди на Свифт и беше врачено признанието Artist Director Honors, награда која го препознава нејзиниот придонес во режирањето и визуелното раскажување приказни преку музичките видеа.

Црното кадифе и блескавото здолниште создадоа интересен контраст, а изгледот на Тејлор покажа дека гламурот не мора секогаш да биде прегласен. Овојпат, светкавите детали беа доволни да ја претворат едноставната силуета во вистински моден момент за паметење.
Фото: Getty
← Претходен