Четврток во црно бела спојка

За овој четврток резервираме елегантен стајлинг во црно бела комбинација. Нашиот денешен предлог е миди здолниште во кремава нијанса коешто го спојуваме со црн топ без ракави.

Вака стилизирани додаваме црни, елегантни чевли со ремчиња, црн ремен и чанта во иста боја.

Ви посакуваме убав ден.