
Модата често зборува најслино тогаш кога е нежна, суптилна и беспрекорно изработена. Токму таква е оваа врвна креација на ELENA LUKA, модел во кој е собрана целата пролетна романтика, женственост и современ луксуз.
Сетот плени на прв поглед со својата нежна пудра-розова нијанса, боја која асоцира на расцветани градини, свежина и елеганција. Горниот дел е изработен од проѕирен тул со внимателно аплицирана чипка во флорални мотиви, што создава впечаток на леснотија и софистицирана сензуалност. Класичната јака и линијата на копчиња внесуваат модерен и структуриран баланс, додека транспарентните ракави со богато декорирани манжетни даваат висока доза на гламур.
Долниот дел е мини здолниште со високо- квалитетна сатенска основа и раскошни чипкани детали кои нежно се прелеваат по силуетата. Кројот ја следи женската линија, истакнувајќи ја фигурата со мерка и префинетост. Комбинацијата на сатен, тул и везена чипка ја прави оваа креација вистинско мало ремек-дело на модниот дизајн.
Ова е модел создаден за жени кои сакаат да изгледаат впечатливо, но никогаш нападно. Совршен е избор за пролетни и летни свечености, коктел-забави, гламурозни родендени, матурски прослави, веридби, предсвадбени настани, модни ивинети и ексклузивни вечерни приеми. Со вистински стилски додатоци, оваа креација лесно може да стане и идеален избор за модерна градска невеста на помала церемонија. Секако, сетот може да се носи и одделно.
Н.Т