Студените месеци се како совршени за црната боја, нијансата којашто е симбол на сигурност, стил и елеганција. Црната никогаш не излегува од мода и секоја сезона повторно го зазема своето место во нашите комбинации.
Есенско-зимскиот период е идеално време кога total black изгледот доминира, од топли палта и структурирани блејзери, до чизми, чанти и суптилни модни додатоци. Црното не мора да биде мрачно, тоа може да изгледа беспрекорно, софистицирано и моќно, во секоја пригода.
Она што го прави овој изглед посебен е неговата практичност. Лесно се комбинира, одговара на секој стил и дозволува бескрајни варијации. Една боја, безброј можности. Комбинирајте различни текстури: свила со волна, кожа со сатен, мат со сјај.
Додадете детали во златна или сребрена нијанса и добивате совршен баланс помеѓу минимализам и луксуз. Затоа, ако барате инспирација оваа сезона, одберете црно од глава до пети. Елегантно, смело и секогаш во тренд.
Kако да го комбинирате total black изгледот оваа сезона?
Црното нуди бескрајни можности за игра со текстури и форми. Клучот е во контрастот меѓу материјалите – комбинирајте сатенска кошула со волнен блејзер, или кожно здолниште со свиленкаст топ. Во еднобојниот изглед, токму текстурата ја раскажува приказната. За дневен изглед одберете црни широки панталони, класична ролка и предимензиониран блејзер.
За вечерен момент, сатен или свила во комбинација со висок струк и впечатлив ремен. За моќен touch додајте високи чизми и структурирана торба во истата нијанса на црно. Нежен накит во темна метална боја, кожни ракавици или очила со црни стакла можат да го подигнат изгледот на ниво на луксузна минималистичка елеганција.