Дали е можно! Зграда во Скопје идентична со нејзина сестра близначка во Виетнам

Зградата „Папагал“ е пример на пост-воена социјалистичка станбена архитектура во Скопје, која е карактеристична по функционалноста и едноставноста на објектот, но со уникатен визуелен печат поради боите.

Според изјави од локалните извори, оваа зграда е подигната пред околу 60 години (што значи дека најверојатно е изградена во 1950-тите или почетокот на 1960-тите години)

Во 2014 година, зградата „Папагал“ го доби новиот изглед на фасадата (термичка изолација и реконструкција) како дел од проект на Општина Центар за енергетски ефикасни фасади на повеќе објекти во центарот на градот. Денес е една од главните атракции токму поради колорната разиграност.

Но, не е единствена. Има „сестра близначка“ скоро идентична на нашата, но на другиот крај на светот, поточно во Хо Ши Мин Сити- Виетнам. Архитектонскиот пејзаж трансформира стар станбен блок во живописно вертикално шаренило.

Секој балкон раскажува сопствена приказна преку различна сигнализација и разновидни шеми на осветлување.  Интересно е тоа што скоро секој апартман е засебен кафе- бар.


Овој проект на адаптивна пренамена покажува како историските структури можат да еволуираат за да одговорат на современите урбани потреби. Фасадата со мрежеста структура функционира како жива галерија на локалното претприемништво и дизајн.

Н.Т