Џиџи Хадид го врати хитот од 90-те

На црвениот тепих, Џиџи Хадид повторно врати во мода една подзаборавена тенденција од 90тите, појавувајќи се со минималистички, елегантен изглед кој веднаш привлече внимание.

Моделот присуствуваше на 12то издание на наградите Breakthrough Prize во Лос Анџелес, каде што избра бел сатенски фустан со чисти линии и нагласена силуета.

Со оваа појава таа ја оживеа естетиката oд минатото – едноставна, минималистичка и со фокус на кројот наместо на претерани детали.

Клучниот елемент што го направи изгледот посебен беше „halter neck“ дизајнот, фустан што се врзува околу вратот, оставајќи ги рамената откриени и визуелно издолжувајќи ја линијата на телото.

Овој стил, кој некогаш беше симбол на холивудски гламур, повторно доживеа популарност во 90те во поедноставени сатенски варијанти.

Изгледот на Џиџи беше модерна интерпретација на таа естетика, со елегантна силуета, висок шлиц и суптилни, но впечатливи детали како украсна игла и вкрстени ремчиња на грбот.