Џоли го разби митот за гламурот: црвен тепих со приказна за рак

Анџелина Џоли се појави на црвениот тепих на вчера на париската премиера на нејзиниот најнов филм Couture, одржана во Pathé Palace. Актерката блесна во проѕирна, елегантна тоалета со цветни украси, совршен избор што ја рефлектираше модната атмосфера во која е сместена приказната на филмот.

Џоли носеше долг, припиен фустан изработен од проѕирен материјал, богато украсен со интригантни метални монистра кои формираа сребрени флорални мотиви. Дизајнот вклучуваше кратки ракави, прецизна силуета и долен раб завршен со деликатни реси, кои се движеа со секој нејзин чекор.

Изгледот беше стилизиран минималистички, со црни салонки со шпиц, без вишок накит, оставајќи фустанот да биде апсолутен фокус на вечерта.

Премиерата имаше и силна емотивна димензија. Во Couture, филм во режија на Алис Винокур, Џоли ја толкува улогата на Максин Вокер, американска режисерка која се соочува со дијагноза на рак на дојка, додека работи за време на Париската модна недела.

Зборувајќи за филмот на панел-дискусија на Deadline за време на Филмскиот фестивал во Торонто 2025, Џоли истакна:
„Ова е многу лично за мене. Женското здравје и женските карциноми се длабоко лична тема.“

Режисерката Алис Винокур, во интервју за The Hollywood Reporter во септември, нагласи дека Couture не е филм за модната индустрија, туку за човечката приказна зад неа.


„Ова е филм за жена која дознава дека има рак, не е филм за ракот. Исто како што е филм за млада африканска девојка што доаѓа во Париз и се соочува со суровоста на светот, но не е филм за модата“, објасни Винокур.

Таа додаде дека фокусот бил ставен на женската солидарност и емотивните врски меѓу ликовите, опишувајќи го филмот како приказна за „споделување конци“, начинот на кој луѓето од различни светови можат да се поврзат“.

Н.Т