Изминатиов викенд во Лос Анџелес се случи LACMA Art+Film галата, една од најочекуваните модни вечери во индустријата.
Настанот на едно место ги собра актерите, музичарите, дизајнерите и љубителите на уметноста за заеднички да го прослават културното влијание и моќта на филмското раскажување.
Манифестацијата, која носи своја хуманитарната нишка, годинава им оддаде почит на визионерските креативци, истовремено претставувајќи исклучителен црвен тепих исполнет со смели и впечатливи комбинации.
Доминираа светките и монохроматските изданија, а на нив се приклучија и тоалетите од тантела.
Најмногу внимание, меѓу другите, привлекоа Синди Крафорд, Каја Гербер, Деми Мур, Салма Хаек и Анџела Басет.
Со ова уште еднаш се докажа дека уметноста и стилот се нераскинливо поврзани.
Галеријата во продолжение.















