Допирот на гламур на “ЕЛЕНА ЛУКА“ го претвора обичниот ден во сцена достојна за филм! ИЗГЛЕД НА НЕДЕЛАТА

Гламурот е повеќе од сјај и привлечност – тој е впечаток, став и атмосфера. Тоа е оној момент кога обичниот ден, со вистински избор на детали и самодоверба, се претвора во сцена која изгледа како од филм. Гламурот не се заснова само на материјални вредности; тој е чувство што се носи, начин на однесување и умешност да се создаде магија со минимализам или со раскош, зависно од личноста.

Од друга страна, луксузот се темели на материјалната страна на удобноста и престижот. Тој се дефинира преку квалитет, реткост и висока цена – од модни брендови и накит, до автомобили и патувања. Луксузот е видлив, мерлив и често служи како симбол на статус. Но, и покрај тоа, луксузот не секогаш значи и стил, ниту пак гарантира елеганција.

Во современото општество, границата меѓу гламурот и луксузот е суптилна. Луксузот може да биде алатка за создавање гламур, но гламурот може да постои и без него. Така, додека луксузот се купува, гламурот се создава.

Во крајна линија, и двата поима ја одразуваат желбата на човекот за убавина, впечатливост и уживање во животот. Но вистинската разлика лежи во тоа што гламурот е приказна, додека луксузот е реквизит. И токму затоа, допирот на гламурот секогаш го прави денот – или изгледот – вреден за запомнување.

А, најпознатиот моден бренд на балканските простори „ЕЛЕНА ЛУКА“ го сублимира внимателно сето ова погоре напишано. Низ годините презентираше врвен софиститицизам, пласираше трендови и создаваше магија за сите оние кои сонуваат модно парче, а брендот го претвара сонот во реалност.

„Кутур“ е нераскинлив дел од брендот. Фустани обично дизајнирани за посебни прилики, настани на црвениот тепих, гала и свадби, и се наменети да дадат изјава и да го покажат уникатниот стил и личност на носителот.

Ние избравме неколку фустани кои навистина раскажуваат приказна. Но никако обична! Во нив е вткаена ДНК-та на „ЕЛЕНА ЛУКА“, а тоа веднаш асоцира на одделување од толпата.

Автор: Небојша Толески