ЕКСКЛУЗИВНО: Fashionel со осврт на вториот ден од модната недела во Милано

Што ли ќе се сретне на пазар, или во бар… или во Милано?

Вториот ден на Миланската модна недела за сезоната есен/зима 2025/26 беше за сонување… Еден поинаков свет за кои сите зборуваме, сите се сеќаваме, и по кој сите, дури и модно, будно сонуваме.

Па будно, и свесно, ќе се нурнеме во светот на соништата, но со комфор и чувство на елеганција, па утрото кога ќе се разбуди и миланското сонце во вториот ден од Миланската модна недела е резервиранa токму за аутфит од брендот ЕЛЕНА ЛУКА кој ќе дозволи да сонуваме: мек и комфорен свила сатен сет од кошула и панталони, во дезен кој ги отсликува мислите, прегрнат во мек неопрен капут во нежна розе нијанса.

Спарувањето со винтиџ брокатна плик чантичка ќе потсетува на вредностите за кои сакаме да сонуваме, а високите потпетици ќе држат цврсто на земја, но ќе дозволат да се посегне високо.

Но, за секој сон прво е потребна реалност, а во секоја реалност е потребно да се обидуваме да ги пронаоѓаме убавите нешта. Една една таква реалност, во која се обидуваме и да преживееме, ќе ни ја прикаже новата и свежа соработка на Пјетро Терцини за брендот Max&Co, кој на уличната облека ќе ѝ даде ироничен спин пишувајќи фрази како „I hope your email won’t find me“ на грбот на бордо сако или „I prefer sunny days“ на чадорите. Во еден друг свет, на сестринската презентација, Weekend Max Mara ќе нè потстат на наследството со одлично ноншалантно скроени парчиња кои висат во винтиџ плакари или во студиото со старо биро.

Се започнува со сонување… оној девојчешки сон кој го обвива светот во кој Вивета секогаш умее да нè пренесе. Со шалови кои буквално нудат прегратки и јаки кои се чини дека се одвеани од ветрот, симпатијата кон парчињата се појавуваше на мажетни во форма на срце и играше низ воздухот на романтичната музика. Плисираните сакоа ги разигруваа земјените тонови, додека црвениот лак на кожените ракавици правеше совршен контраст за да нè задржат на земја, додека беби минт шорцевите се обидуваа да направат да полетаме со мислите низ соништата.

Потоа Марко Рамбалди нè одведе на пазар, чија внатрешност нè опиваше со мирис на цвеќиња додека јадевме јаболки и пиевме просеко од винтиџ чаши. Доживување кое, иако на почеток се чини секојдневно, е скапоцено како и сочноста и природноста на јаболката поделени на гостите во плетени торби – прегратка за сетилата која нè потсетува на слатките и пријатни времиња, кога сè беше поедноставно и деновите беа бескрајни.

„Како и Т. С. Елиот, ние веруваме река традицијата не може да се наследи, туку ако ја сакате, морате да ја стекнете со голем напор и многу работа – а ние не се плашиме од работа“ ќе изјави тој.

Парчињата произлегуваа од фамилијарните винтиџ плакари, и во потрага по една нова хармонија, ги „излуфтираа“ со својот свеж дух. Младешки ги додаваме аборовите „ADULTS ONLY“ со црвена боја, а обвивајќи ги Бата балетанките и клун салонките со плетена трака продолжуваме да сонуваме за живот „на прсти“. Бабешките миленца остануваат насекаде, и со својата развлеченост создаваат нови спомени во една „идна меморија“.

Па кога за овосезонската ревија за Марни креативниот директор на куќата. Франческо Рисо, ќе ја замисли пистата како бар прекриен со исшарани чаршави, ќе нè врати малку во реалноста, но на оној начин на кој навистина како „adults“ се обидуваме да побегнеме. Во партнерство со Мартини ќе се напиеме голтка коктел кој ќе се освести и потсети на откачената естетика која може да ја очекуваме а за која брендот е толку обожуван.

Голтката ќе нè одведе во светот на „Розовото сонце“, кое умее да создава невообичаени сенки, не оние на кои сме навикнати, туку онакви кои нè пренесуваат во еден поинаков кошмар во подземен свет на угушувачка мијазма.

Во чудниот недостиг на дисхармонија на материјали, бои и структури, аутфитите пленат со интрига. Она рокабили чувство кое вирее од нив ќе нè тера да се навратиме неколкупати со поглед за да ја разбереме структурата, создадена од крути А-здолништа спарени со двобоен џемпер и крзно, наспроти она малку контрастен материјал кој надзира од фалтите. И додека Амелија Греј, Трејси Елис Џонс, Палома Елзесер и Дара Ален поминуваат до нас помеѓу масите ќе посакаме да живееме „во извонредни времиња, во извонредна земја, засекогаш во лет и засекогаш слободни.“

Освестувајќи се од модниот сон на крајот на денот се запрашавме… Што ли ќе се сретне на пазар, или во бар?

Автор: Анастасија Стејси Марш Богдановска

ФОТО: Марко Маркоски

Повеќе фотографии од објективот на Fashionel од вториот ден од модната недела во Милано се достапни тука:

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian