ЕЛЕНА ЛУКА – ФИНАЛИСТ НА WOMEN LEADERS AWARDS 2025

„Највлијателната жена во македонскиот бизнис е финалист за престижните Women Leaders Awards 2025“,- објавија бугарските медиуми, истакнувајќи ја успешната кариера на Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА). Ова признание ја потврдува нејзината лидерска позиција во модната, градежната и медиумската индустрија.

„Гала-финалето ќе се одржи на 13 март 2025 година во хотелот Crowne Plaza Sofia“, информираат организаторите Global Media и VIP Communication, додавајќи дека настанот има за цел да го промовира женското лидерство како клучен фактор за општествен напредок.

Бугарските медиуми ја опишуваат Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) како „жена визионер со исклучително влијание врз индустриите во кои работи“. Тие нагласуваат дека таа „успешно ги обединува модата и архитектурата, градејќи брендови кои поставуваат нови стандарди“.

„Како сопственик и генерален менаџер на ELENA LUKA HOME, Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) поставува нови стандарди во градежниот сектор“, пишуваат медиумите. „Со интеграција на светските трендови, нејзината компанија создава модерни, функционални и ексклузивни архитектонски објекти, кои оставаат трајно влијание врз урбаната средина.“

Во модната индустрија, нејзиниот бренд ELENA LUKA е препознаен како „меѓународно успешна модна куќа која комбинира авангарден дизајн со високи естетски стандарди“. Медиумите во Бугарија потенцираат дека „таа го проширува македонскиот моден идентитет на глобално ниво, претставувајќи го својот бренд во Австрија, Швајцарија, Србија, Бугарија, Турција и САД.“

Покрај нејзините деловни успеси, Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) е истакната и како филантроп. „Таа не само што гради успешни компании, туку и инвестира во заедницата преку поддршка на бројни општествени и хуманитарни проекти“, пишуваат бугарските медиуми.

Нивниот заклучок е јасен: „Women Leaders Awards 2025 ја препознаваат нејзината инспиративна кариера и значајното влијание што го има врз бизнисот и општеството. Ова признание е потврда за трудот, посветеноста и визијата на Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).“

Инаку, ELENA LUKA GROUP бележи исклучително успешен период во своето работење. Изминатата година целиот вложен труд, пасија и знаење кои компанијата ги поседува беа препознаени, вреднувани и наградени. Наградите како „Македонски квалитет“, „Лидерство за различности“ и „Жена на годината“ дадоа признание на напорната работа, упорноста и вредностите кои Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) ги негува во својот принцип на работа.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian